Во иднина, Мета може да понуди своја алтернатива на Твитер, како Мастодон, наведуваат ИТ медиумите.
Гигантот на социјалните мрежи наводно е во рана фаза на развој на апликација со кодно име P92.
Апликацијата ќе им овозможи на корисниците да објавуваат текстуална содржина и ќе го поддржува протоколот на Mastodon, наречен ActivityPub.
Мета потврди дека се работи за децентрализирана социјална мрежа, а во соопштението се истакнува: „Истражуваме независна, децентрализирана социјална мрежа за споделување текстуални статуси. Веруваме дека има посебен простор каде креаторите и јавните личности можат да споделуваат редовни содржини за нивните интереси.”
P92 ќе носи брендирање на Инстаграм, а корисниците ќе можат да се регистрираат и да се логираат со нивните инстаграмски акредитиви. Од друга страна, се нагласува дека споделувањето на содржини од Инстаграм ќе биде минимално.
Бидејќи апликацијата ќе биде децентрализирана, тоа значи дека корисниците можат да постават свои сервери и свои правила за модерирање на содржината.
Ако поддржува ActivityPub, луѓето ќе очекуваат новата апликација да биде барем делумно компатибилна со Mastodon и другите децентрализирани услуги кои го користат тој протокол.
Засега се уште не се знае дали Мета веќе почна да ја гради новата апликација, или се уште е во фаза на планирање.
Поврзани артикли