Откако Apple ја претстави серијата на телефони iPhone 14 минатиот септември, имавме можност да видиме различни копии од овие уреди. Сега се чини дека го имаме најприфатливиот од сите.
Моделот наречен i14 Pro Max е наведен за продажба на AliExpress, придвижуван од чипсет MediaTek и се нуди по цена која е до 90 проценти пониска од онаа на оригиналниот модел на iPhone 14 Pro Max.
iPhone 14 Pro Max Clone cost just 7,600; Check It Out! 🤪🤪#iPhone #iPhone14ProMax #fake #clone #aliexpress #mobile #new #phone #tech #technews #technology #China
— Maxsami Tech (@MaxsamiTech) March 4, 2023
Овој клон на iPhone доаѓа во неколку варијанти. Посилниот модел го користи чипсетот MediaTek MT 6753 од 2015 година во комбинација со 6GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.
Телефонот има и 6,5-инчен AMOLED дисплеј, со стапка на освежување од 120 Hz (што е под знак прашалник со оглед на цената). На задната страна има само два сензори: 16MP и 8MP. Сè се напојува со батерија од 2800 mAH.
Поевтината варијанта користи дисплеј од 6,8 инчи, а телефонот се напојува со чип MediaTek MT6889. Има и 2GB RAM и 16GB простор за складирање. На предната и задната страна има камери од 2 MP.
Што се однесува до цените, варијантата со 6GB RAM чини 126 долари, додека моделот со 2GB RAM се продава по цена од 89,69 долари.
Поврзани артикли