По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март – Credissimo засади цвеќиња во новиот парк во населбата Мичурин, со што даде придонес во хортикултурното уредување на просторот. Станува збор за нов парк кој се наоѓа во близина на основното училиште „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром.

Преку уредување на овој нов зелен парк, компанијата Credissimo сака на симболичен начин да ја изрази својата благодарност и почит кон сѐ што оствариле и сѐ што прават жените во заедницата, но и да им овозможи на граѓаните повеќе зелени површини и катчиња за рекреација и дружење. Видот на цвеќињата беше утврден во комуникација со надлежните организациски служби.

Финтек компанијата Credissimo, како општествено одговорна компанија, продолжува посветено да вложува во заштита на животната средина и унапредување на квалитетот на животот преку разни активности.

 

ПР Текст