Redmi ја претстави новата технологија за полнење телефон само четири месеци откако стана првиот бренд што нуди брзина на полнење од 200 W.
Подружницата на компанијата Xiaomi го покажа телефонот кој може да се полни од 0 до 100% за помалку од пет минути, а тоа го поткрепи и со видео.
Redmi 300W fast charger 4100mAh battery complete in 5 minutes.#Redmi #Xiaomi pic.twitter.com/WxsVMlLUjc
— Mahesh Ahir (@maheshahir85) February 28, 2023
За тестирање, брендот користеше модифициран Redmi Note 12 Discovery со батерија од 4100 mAh во контролирана средина. Беа потребни две минути и 11 секунди за да се наполни телефонот до 50%, а нешто помалку од пет минути за да се наполни на 100%.
Самиот адаптер за полнење користи Double GaN технологија и има повеќе од 50 заштити, додека одржува мала големина, според Redmi.
Засега не е познато кога ќе видиме конкретен телефон со оваа технологија за полнење, кој ќе биде достапен на отворениот пазар.
Поврзани артикли