Опцијата моментално е достапна за мал број претплатници на услугата YouTube Premium.
Голем број корисници на YouTube пријавија нова опција за квалитет на прикажување на видеото во паѓачкото мени на популарната страница.
Покрај основната опција за прикажување на видео 1080p, сега има опција Premium со 1080p, за која се вели дека нуди подобрен бит-рејт.
Официјални лица изјавија за The Verge дека YouTube го тестира новиот квалитет на прикажување на видеото, а опцијата моментално е достапна за ограничен број претплатници на YouTube Premium.
Новата опција нуди подобрен бит-рејт во споредба со стандардниот дисплеј од 1080p, со повеќе информации по пиксел, а сето тоа заедно обезбедува подобро искуство за гледање содржина.
Подобрената опција 1080p моментално е само во тест фаза, но постои можност YouTube да не ја одобри.
Доколку биде одобрен, ќе биде достапен само за корисниците на YouTube Premium. Оваа услуга за претплата чини 12 долари месечно за индивидуални сметки или 23 долари за семеен план.
Поврзани артикли