По разорните земјотреси во Турција што се случија минатиот месец, ви пренесуваме детали за некои апликации кои нудат предупредувања за земјотрес.
Додека Андроид има наменска услуга за земјотреси, iPhone и iOS се потпираат на локални услуги и нудат опција за дигитален потсетник директно поврзана, на пример, со државната сеизмолошка асоцијација.
Ова се можеби трите најдобри апликации за вакви предупредувања.
LastQuake
LastQuake, за iPhone е бесплатна апликација посветена на информации и собирање изјави во реално време. Оваа официјална алатка на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) е дизајнирана од сеизмолозите.
Благодарение на активното учество на голем број корисници, на ESMC му требаат само неколку минути за да го процени влијанието на земјотресот и потоа да ги извести граѓаните.
LastQuake, покрај информациите во реално време, нуди пристап до коментари, фотографии и видеа на сведоци, нуди можност за споделување информации преку социјалните мрежи, СМС услуги кои можат да ги известат најблиските, како и совети како да се однесуваат по земјотрес.
Earthquake Network
Earthquake Network е сеопфатна апликација за земјотреси и за многу земји е единствениот систем за предупредување.
Оваа апликација нуди известувања во реално време доколку живеете во близина на епицентарот, предупредува секунди пред земјотрес доколку живеете далеку од епицентарот и сите други карактеристики што би ги очекувале.
My Earthquake Alerts – US & Worldwide Earthquakes
My Earthquake Alerts обезбедува информации за земјотреси, а она што го издвојува, покрај едноставниот дизајн оптимизиран за iPhone, е тоа што има база на податоци за земјотреси од 1970-тите.
Апликацијата е исто така бесплатна.
За кое и да се одлучите, изгледаат како добар избор.
Кога станува збор за Android, оваа платформа има иновативен систем кој стапи во употреба во 2020 година. Системот на Google, наречен ShakeAlert, е создаден во соработка со Геолошкиот институт на САД.
Можете да го активирате со одење до поставките на телефонот, каде што ќе изберете локација, потоа услуги за локација и на крајот опцијата „Предупредувања за земјотрес“. Ако веќе не е активирана, означете го како активна.