Првото „Donna Cyber Cafe“ се отвора во Дубаи, а негова специјалност е супермодел робот кој на клиентите им служи кафе и сладолед, без човечка помош.
Роботот Дона, создаден да изгледа и да оди како вистинска жена, дури е програмиран да ги чита емоциите на гостите.
Има силиконска кожа и очи, па тешко е да се утврди дека се работи за хуманоид, а интересно е што многу наликува на источноевропската манекенка Дијана Габдулина.
Таа ќе може да разговара со клиентите, да прави селфи, па дури и да им раскажува приказни.
Ресторанот, чија локација се уште не е откриена, ќе работи 24 часа на ден, седум дена во неделата и ќе служи сладолед, безалкохолни пијалоци и разни видови кафе.
Поврзани артикли