Xiaomi 13 Pro беше претставен во Кина во текот на декември минатата година, а сега го очекуваме глобалното објавување на уредот.
Одделението на Xiaomi во Индија објави дека 13 Pro ќе биде глобално пуштен во продажба за време на саемот за мобилен Светски конгрес (MWC) на 26 февруари, а тоа го потврди и Леи Јун – извршниот директор на Xiaomi.
Тој ја спомена серијата Xiaomi 13 во објавата, што укажува дека можеме да очекуваме стандарден модел Xiaomi 13 заедно со Xiaomi 13 Pro.
Xiaomi 13 Pro користи чипсет Snapdragon 8 Gen 2 во комбинација со до 12 GB RAM и 512 GB простор за складирање.
Екранот на телефонот е 6,73-инчен QHD+ 120Hz LTPO OLED, со Gorilla Glass Victus заштита. За софтверска поддршка ќе биде задолжен Android 13 со кориснички интерфејс MIUI 14.
Во екранот е вграден читач за отпечатоци, како и поддршка за HDR10+ и Dolby Vision. Има и отвор за селфи камера од 32 MP.
На задната страна има систем со три камери, составен од главен сензор од 50,3 MP со поддршка за OIS, телефото сензор од 50 MP и ултраширок сензор од 50 MP. Системот на камерата користи леќи Leica.
Сè се напојува со батерија од 4820 mAh, со поддршка за брзо полнење од 120 W и безжично полнење од 50 W. Поддржано е и обратно безжично полнење од 10W.
Поврзани артикли