Еве неколку трикови со кои ќе останете анонимни додека го пребарувате она што ве интересира на Instagram.
Не постои човек кој користи социјални мрежи, а да не „демне“ некого. Пречки во овој облик на „истражување“ може да бидат заклучените профили на Instagram, но и Story каде што можете да видите кој ги гледал.
Подолу се дадени неколку трикови како да ја зачувате анонимноста и во исто време да го пронајдете она што ве интересира.
Како да гледате приватни објави на Instagram (и Story)?
Во 2019 година, BuzzFeed им понуди на читателите прилично едноставен начин за прегледување приватни објави. „Се што ви треба е основно разбирање на HTML и веб-прелистувач“, напишаа тие тогаш.
Советите беа следени – корисникот кој веќе следи одреден профил може едноставно да ги прегледа сликите и видеата кои се поставени на страницата, а потоа да го извлече нивниот „јавен URL“. Тој „јавен URL“ потоа може да се сподели со луѓе кои не се на Instagram или не го следат приватниот корисник кој ги објавил тие фотографии.
„Тоа е како некој да прави скриншот од објава на приватен корисник и да го сподели со друго лице, но тоа не значи дека може да се пристапи до приватниот профил“, коментираат за BuzzFeed од Facebook.
Сепак, треба да се нагласи дека овој трик не секогаш функционира.
Како да видите фотографии од личност која има заклучен профил на Instagram?
Користејќи го Google, можете да најдете некои објави кои се поврзани со приватниот профил на Instagram што ве интересира. Можете да го направите ова со копирање на името на тој профил, односно корисничкото име на тоа лице, во прелистувачот, а потоа кликнете на Image Search, односно пребарување по слики. Има добри шанси да видите некои од фотографиите на таа личност.
Исто така, можно е да наидете на означени фотографии од таа личност на некои јавни кориснички профили, но и дека лицето објавило некои фотографии што ги има на Instagram на други негови профили на социјалните мрежи како Flickr, Tumblr или дури и Facebook.
Како анонимно да прегледате Instagram Story?
Неодамна на социјалните мрежи се зборува дека е можно да се гледаат приказни на Instagram на корисници, а вашето име да не биде запишано на листата на оние кои гледале. За оваа форма на прегледување многумина користат сајтови како што е Inflatt.
Кога ќе ја посетите оваа страница, треба да кликнете на Tools > Profiles > Stories Viewer, а потоа внесете го корисничкото име на „жртвата“ на вашето истражување, со префикс „@“ во полето за пребарување. После тоа, Infract ќе ви ја прикаже бараната приказна (или објави), а вие ќе останете анонимни. Дури ќе ви биде понудено да ги преземете фотографиите на вашиот уред.
Кога ја користите оваа страница, дури и не треба да се најавите. Само заклучените профили не се изложени на овој вид преглед на содржина. Сепак, за оние кои се, вашиот преглед ќе се прикаже под корисничкото име Viewer for Instagram.
Важно е да се напомене дека никогаш не можеме да бидеме сигурни дали ажурирањата на Инстаграм ќе ја прекинат анонимноста во одреден момент.