Уметникот од Њујорк зад профилот на Инстаграм An Improbable Future создава неверојатни ретро-футуристички дизајни користејќи вештачка интелигенција (AI).
Тој е фокусиран на индустриски и транспортен дизајн и ја користи програмата Midjourney AI за своите дела.
Таа програма, како и некои други популарни програми за вештачка интелигенција, работи на основа на претворање на текст во слика.
Делата кои тој ги создава со помош на вештачка интелигенција потсетуваат на атмосферата во филмот Враќање во иднината, а уметникот продава дигитални принтови по цени од 1 до 5 долари.
Тој има речиси 130.000 следбеници на Инстаграм, а неговите дизајни се навистина впечатливи.
AI апликациите се хит
Пред само десет години нешто од овој тип беше само научна фантастика, возможно само во СФ филмовите, додека денес тоа е технологија слободно достапна на Интернет.
AI апликациите кои врз основа на дадени параметри целосно самостојно создаваат фотографии и други уметнички дела, веќе некое време се хит, а постигнуваат и пазарни резултати.
Портретот на Едмонд де Белами, целосно измислена историска личност, е продаден за 432.500 долари во 2019 година.
Поврзани артикли