Оперативните системи на Microsoft Windows 7 и Windows 8.1 од 10 јануари останаа без безбедносни надградби и техничка поддршка.
Microsoft Edge 109 е последната верзија на прелистувачот што поддржува застарени оперативни системи, но не е единствениот прелистувач што „крева раце“ од Windows 7 и 8.1. Google уште во октомври минатата година објави дека на 7 февруари оваа година неговиот Chrome ќе ја прекине поддршката за споменатите оперативни системи. Иако и двата прелистувачи ќе работат на уреди што ги користат, клучните безбедносни надградби и новите функции веќе нема да бидат достапни.
Поддршката за WebView2, алатка која им овозможува на програмерите да вградуваат веб-базирана содржина во нивните апликации, исто така прекина на 10 јануари.
Ова значи дека корисниците на машини кои сè уште работат со Windows 7, а ги има околу 100 милиони, треба да се префрлат на понов оперативен систем или на друг начин да се соочат со безбедносни ризици поради употребата на неподдржан оперативен систем и прелистувач.
Октомвриското истражување на 27 милиони Windows уреди покажа дека повеќе компјутери користат Windows XP, 7 или 8 отколку Windows 11.
Сепак, треба да се каже дека Microsoft ги известуваше корисниците навреме, а крајот на поддршката за Windows 7 беше објавен за прв пат во 2020 година.
Поврзани артикли