Услугата Google Stadia, за компјутерски игри во облак, целосно се исклучува денеска, но секој со кориснички сметки на неа сè уште може да ги зачува своите податоци. Еве како.
Патрик Сејболд, портпарол на Google, потврди за The Verge дека Stadia засекогаш се гаси на 18 јануари, но и покрај тоа, многу развивачи на компјутерски игри споделија со корисниците начини како да ги зачуваат нивните купени компјутерски игри и да напредуваат на други платформи и така да го зачуваат својот напредок во тие игри, како и остварените заштеди.
За оние кои сакаат да го сторат тоа, подолу се дадени примери за тоа како да се направи транзиција за некои од најпопуларните наслови на компјутерски игри на Stadia.
Cyberpunk 2077: Компанијата CD Projekt Red ќе им овозможи на корисниците да ги префрлаат своите податоци на компјутери со рачно преземање со користење на Google Takeout. Тие имаат и водич за процесот на нивната веб-страница и доколку корисниците не ја искористат таа опција пред да се исклучи Stadia, нема да можат да го сторат тоа откако ќе се исклучи.
Destiny 2: А за зачувување на податоци од оваа компјутерска игра има водич на веб-страницата на Bungie, креаторот на тој наслов. Корисниците ќе треба да овозможат вкрстено зачувување пред 18 јануари за да ги префрлат своите ликови на друга платформа.
Hitman 3: Развојната програмерска компанија IO Interactive им овозможува на играчите да направат еднократна „Stadia Progression Carryover“ за да го пренесат својот напредок на таа игра за компјутер на нивниот компјутер (Windows, Steam или Epic), Xbox или PlayStation. За да го направите ова, играчите мора да ја поврзат својата IOI сметка со нивната сметка на Stadia, пред да ја исклучат таа платформа. Овој менувач треба да биде достапен почнувајќи од 11-ти јануари, само една недела пред исклучувањето, така што играчите кои не сакаат да го изгубат напредокот во оваа игра, всушност имаат една недела да се префрлат на друга платформа.
The Elder Scrolls Online: играчите можат да се логираат на нивната сметка на Elder Scrolls Online на веб-страницата на Bethesda и потоа да го преземат и да го пуштаат насловот на компјутер и/или Mac, без да го изгубат зачуваниот напредок во играта. Играчите можат да најдат детали за трансферот на веб-страницата на Bethesda.
Игри на Ubisoft: Компанијата Ubisoft подарува бесплатни компјутерски копии од своите игри што играчите ги имаат на Stadia. За да го постигнат ова, играчите мора да ги поврзат своите сметки на Ubisoft и Stadia пред исклучувањето на 18 јануари. За сите игри што поддржуваат вкрстена прогресија, вашиот напредок ќе се пренесе на компјутер. Детали за префрлањето може да се најдат на страницата на Ubisoft.
Не помалку важно е дека Google, исто така, враќа пари за сите набавки на софтвер на Stadia од Stadia Store и хардверски набавки од Google Store. Компанијата започна со обработка на поврат на средства уште во ноември 2022 година и очекува да ги обработи повеќето од овие поврати до 18 јануари.