Многумина ќе ја поздрават оваа новина на Твитер, а тоа е опција која е спротивна на актуелните трендови на пазарот на социјалните мрежи.
Twitter продолжува да воведува нови функции на оваа мрежа откако Илон Маск ја презеде компанијата. Најновата опција, претставена неодамна е поврзана со прикажување на бројот на прегледи на твитови – корисниците сега можат да видат колку луѓе ја прегледале нивната објава, односно можат да го видат бројот на прегледи на сите твитови на таа мрежа, со неколку исклучоци како што се постари објави.
Опцијата најпрво е достапна на мобилните апликации за Android и Apple уредите, а најавена е и за веб верзијата на Twitter, иако за некои веќе е достапна таму. Илон Маск е прилично ентузијаст за оваа опција, посочувајќи дека повеќе од 90 отсто од корисниците на Твитер читаат објави на мрежата, но не објавуваат, одговараат или лајкуваат на нив, па бројот на прегледи ќе покаже колку е вистинскиот интерес за еден твит.
Twitter is rolling out View Count, so you can see how many times a tweet has been seen! This is normal for video.
Shows how much more alive Twitter is than it may seem, as over 90% of Twitter users read, but don’t tweet, reply or like, as those are public actions.
— Elon Musk (@elonmusk) December 22, 2022
Како што објаснуваат на Твитер, секој пат кога некој твит ќе се појави на екранот се брои како еден преглед – без разлика дали се работи за лизгање на екраните на мобилните уреди и компјутерите, односно твитови прегледани на кориснички профили, за време на пребарувања, твитови вметнати во написи, се бројат и сл.. Интересно е што дури и твит погледнат од личноста што го објавил се брои како преглед.
Иако е корисна опција, сепак не е добра вест за сите, бидејќи за некои корисници последиците би можеле да бидат токму спротивни. Имено, корисниците на Твитер чии објави немаат толку многу прегледи веројатно нема да бидат воодушевени што сега сите ќе ја видат нивната статистика.
Tweet impression count should
— Elon Musk (@elonmusk) December 23, 2022
Исто така, тоа е спротивно на трендовите на пазарот за социјално вмрежување. Да потсетиме, минатата година Фејсбук и Инстаграм им дозволија на корисниците да го сокријат бројот на лајкови за нивните објави. Имено, јавно видливиот мал број лајкови може негативно да се одрази на луѓето, особено на помладите, па Мета им даде можност да ги сокријат тие бројки.
Слично е и со YouTube, кој минатата година почна да крие некои бројки, како на пример бројот на корисници кои стискале на видео, па сега тие податоци се видливи само за креаторите на содржина на тој видео сервис, но не и за другите посетители.