Џек Свини, студент на Универзитетот во Централна Флорида, кој ги следеше летовите на приватниот авион на Илон Маск и ја објавуваше локацијата во реално време на Твитер, повторно е трн во окото на милијардерот.
Повеќе од две недели откако беше забранет од Твитер, Џек Свини, студент на Универзитетот во Централна Флорида, кој му правеше непријатност на Илон Маск барем изминатата година, има нов профил. Наречен @ElonJetNexDay, оваа сметка го следи приватниот авион на Илон Маск, но со разлика од 24 часа.
Landed in Oakland, California, US. Apx. flt. time 3 Hours : 20 Mins. (24 hours ago) pic.twitter.com/1KpLKjUrGV
— ElonJet but Delayed (@ElonJetNextDay) December 22, 2022
Пред две години, 20-годишното момче отвори профил на Твитер кој користеше јавни податоци за автоматско мапирање на летовите на приватниот авион на Маск @ElonJet. Уште во јануари, Маск побара од Свини, преку директна порака на платформата, да ја симне таа сметка во замена за 5.000 долари.
„Тоа е безбедносен ризик“, наводно му напишал Маск тогаш на Свини.
„Не ми се допаѓа идејата да ме застрела некоја луда личност“, наводно додал Маск. Кога Свини на шега побарал Tesla Model 3 или 50.000 долари, Маск го игнорирал, но очигледно не го заборавил.
Свини претходно рече дека ограничувањата на сметката се укинати, но Твитер оттогаш затвори сè. Приватната социјална платформа на Маск ја суспендираше личната сметка на Свини истата недела, а подоцна истиот ден објави соодветно ажурирање на нејзината политика за приватност на податоците, истакнувајќи дека „сега е забрането споделување информации за локацијата во живо на друго лице“.
Според новите правила на Твитер, „споделувањето јавно достапни информации за локација откако ќе помине разумно време, така што поединецот повеќе не е изложен на ризик од физичка повреда“ не е прекршување. Со 24-часовно доцнење во известувањето каде патувал приватниот авион на Маск, @ElonJetNexDay се чини дека е во границите на неодамна поставените безбедносни параметри на Twitter.
Поврзани артикли