Администрацијата на американскиот Конгрес ја забрани употребата на популарната кинеска видео апликација TikTok на сите уреди во сопственост на Претставничкиот дом на САД, соопшти администрацијата на Конгресот.
Одлуката е донесена пред да стапи на сила законот за забрана на користење на оваа апликација на уредите на американската влада, што се очекува наскоро, пренесува Ројтерс.
„Апликацијата TikTok се смета за висок ризик поради голем број безбедносни проблеми и мора да биде отстранета од сите уреди со кои управува Претставничкиот дом“, напиша шефот на администрацијата во пораката испратена до сите пратеници.
Од неодамна, најмалку 19 земји делумно го блокираа TikTok на уредите што ги користат владините агенции, предизвикувајќи загриженост дека кинеската влада може да ја користи апликацијата за следење на Американците и цензурирање на содржината.
Поврзани артикли