Новиот европски сателит, кој беше лансиран неодамна, значително ќе го подобри предвидувањето на ненадејни силни бури и на тој начин ќе им овозможи на луѓето подобро да се подготват за нив.
Сателитот Метеосат-12 е лансиран со помош на ракетата Ariane и ќе го надгледува небото над Европа, Блискиот Исток и Африка. Ова е првиот сателит во новиот систем за набљудување вреден повеќе милијарди евра.
Liftoff of Europe’s Ariane 5 rocket on its third to last mission, powering into geostationary transfer orbit with a new-generation Meteosat weather satellite and two Intelsat TV broadcasting spacecraft. https://t.co/3y0hQt6UO7 pic.twitter.com/PkwCj7XsNo
— Spaceflight Now (@SpaceflightNow) December 13, 2022
Ова би можело да биде најважното европско лансирање бидејќи споменатиот сателит ќе ја замени технологијата постара од 20 години.
„Погледнете ги бурите што ги погодија Германија, Холандија и Белгија минатата година, повеќе од 200 луѓе загинаа. Ова се трагични настани. Поточно, почестите и релевантни набљудувања од вселената се од суштинско значење за подобро прогнозирање и предупредувања кои ќе ни помогнат да ги намалиме и ублажиме ефектите од овие тешки временски услови“, рече Фил Еванс, управен директор на Eumetsat.
Европа има свој метеоролошки сателит од 1977 година, а новиот ќе ја претставува третата генерација од серијата. Meteosat-12 ќе испраќа целосна временска слика на секои 10 минути, што е пет минути побрзо од претходно. Ќе може да „види“ и помали атмосферски карактеристики, до 500 метри во дијаметар, како и во подолги бранови должини. Националните метеоролошки агенции ќе добијат многу повеќе податоци благодарение на овој сателит.
Една од предностите на новиот сателит е камерата која ќе детектира молњи и ќе помогне во „сегашното емитување“, што е способност за следење и предупредување за непосредни и опасни настани. Причината за ова е што молњите се претходник на силните налети на ветерот, силен дожд и град.
Уште еден сателит ќе биде лансиран во 2026 година, а тој сателит ќе испраќа фотографии од Европа на секои две и пол минути.
Сателитот Meteosat-12 беше лансиран од Француска Гвајана.