Популарниот дизајнер на видео игри Хидео Коџима присуствуваше на настанот Game Awards каде даде неочекувана објава.
За време на настанот Game Awards 2022, Хидео Коџима го објави Death Stranding 2 (работен наслов: DS2), продолжение на акционата игра од 2019 година.
Заедно со најавата за играта, беше објавен и придружниот тизер трејлер кој е во вообичаениот стил на Коџима – збунувачки, енигматичен и прилично примамлив.
Потврдено е дека Death Stranding 2 ќе ја следи приказната директно по првата игра, а во продолжението ќе ги видиме повеќето од актерите кои се појавија и во првиот дел, вклучувајќи го и Норман Ридус.
Дополнително, дознавме дека, како и сите негови претходни ремек-дела, најновиот наслов исто така ќе го напише, режира и дизајнира Хидео Коџима.
Ниту датумот ниту годината на објава на играта Death Stranding 2 не беа понудени, а познато е дека насловот ќе биде достапен за PlayStation 5.
Поврзани артикли