Chrome ја објави најновата верзија на својот интернет-прелистувач за десктоп платформи и доаѓа со некои интересни подобрувања.
Новите измени се поврзани со подобрувања во перформансите, вклучително и намалување на потрошувачката на меморија до 30 проценти и подолго траење на батеријата кога се ближи до крајот на нејзината употреба.
Споменатите функции се нарекуваат Memory Saver и Energy Saver, а доаѓаат до Windows, macOS и ChromeOS верзиите на прелистувачот Chrome.
Кога станува збор за Memory Saver, оваа функција заштедува меморија така што ја ослободува од неискористените картички и ги насочува кон поинтензивно користените апликации (игри, видео и друго).
Energy Saver заштедува батерија кога ќе достигне 20 проценти со ограничување на активноста во заднина и оптимизирање на страниците со визуелни ефекти.
Корисниците ќе имаат опција да ги вклучат или исклучат Memory Saver и Energy Saver во секое време, а тоа ќе биде можно за секоја поединечна веб-страница.