Уште малку ќе можеме да го играме долгоочекуваното продолжение на популарната франшиза.
По повеќе од една деценија, следната десктоп игра Diablo е се поблиску до објавување. Blizzard потврди дека Diablo IV ќе биде достапен на 6 јуни 2023 година.
All Hell breaks loose 6.6.23.
Pre-purchase #DiabloIV and get Open Beta Early Access.
🌹 https://t.co/iY1v4BhxGx pic.twitter.com/i7PbD0obSe
— Diablo (@Diablo) December 9, 2022
Ова не е изненадување, имајќи предвид дека јавното бета тестирање започнува на почетокот на следната година и е одлична вест за оние кои со години ја чекаат оваа игра.
Diablo IV треба да донесе оживување на франшизата, за која некои велат дека малку исчезна по третата игра. Се очекуваат нови класи, позната механика за играње.
Отворениот свет во играта ќе има повеќе чувство за тактичка длабочина, повеќе експериментирање и приказна која има повеќе шанси да се развие. Новата приказна е насочена околу борбата против Лилит (Daughter of Hatred) која се враќа во Sanctuary.
Blizzard вети дека Diablo IV нема да има микротрансакции „pay-to-win“. Играчите ќе можат да купат козметика и сезонски пропусници кои помагаат побрзо да се добиваат визуелните надградби.