Сајтот автоматски ќе вчита шест страници со резултати од пребарувањето, пред да му понуди на корисникот да кликне на копчето „More“.
Google овозможи „континуирано скролање“ за резултатите од пребарувањето на десктоп, а сето тоа една година откако функцијата беше пуштена на мобилни уреди.
Континуираното лизгање ќе ја елиминира потребата да кликнете „Next“ или бројот на страницата на дното од резултатите од пребарувањето. Наместо тоа, Google автоматски ќе го вчита следниот сет на резултати на страницата откако корисникот ќе дојде до дното на тековната листа.
Гигантот за пребарување ја потврди функцијата и истакна дека Search автоматски ќе прикаже до шест страници со резултати пред корисникот да мора да кликне на копчето „More results“ и да ја вчита следната група резултати од пребарувањето.
Доаѓањето на оваа функција ќе овозможи искуството на „Google Search“ да биде поконзистентно на уредите и платформите. Функцијата прво е достапна за пребарувања на англиски јазик во САД, а во иднина се очекуваат и други региони.