Апликацијата WhatsApp доби нова функција која им овозможува на корисниците да си испраќаат пораки кои можат да служат како потсетници, листи за купување и слично.
Станува збор за функцијата наречена Message Yourself, која веќе е тестирана и полека доаѓа до сите корисници на уреди со оперативните системи Android и iOS.
Кога ќе го добијат ажурирањето, корисниците ќе можат да го видат своето име на врвот на листата со контакти кога пишуваат нови пораки. Тоа е всушност начин да ги запишете потсетниците, да креирате листа за купување и да ги „запишете“ важните работи што треба да се запомнат. Доколку е овозможено, известувањето ќе осигура дека обврската не е заборавена. Корисниците, исто така, можат да ги пинуваат Message Yourself чатовите на врвот на списокот со разговори за лесен пристап.
Досега корисниците можеа да си испраќаат пораки само доколку креираа групен разговор само со еден член, односно со самите себе или ако ја користеа функцијата „click to chat“.
Платформата Signal веќе нуди слична функција наречена „Note to Self“ која го овозможува истото, но е „закопана“ во листата на контакти и не е достапна на врвот.