Твитер додаде нови елементи за да ја обесхрабри појавата на оние кои имитираат туѓи сметки.
Очигледно, Твитер нема да ги враќа Blue верификациите во следните неколку недели, но компанијата се надева дека работите на мрежата ќе се подобрат откако ќе се врати функцијата.
Социјалната мрежа објави дека ќе ги предупреди новите сметки (оние новосоздадените) дека ќе треба да почекаат 90 дена пред да можат да се претплатат на услугата Blue. Исто така, компанијата вели дека го задржува правото да бара период на чекање без најава.
Новата политика за користење доаѓа веднаш штом Твитер ја блокираше можноста нови сметки да се приклучат на групата на претплатници Blue.
Само два дена откако мрежата го прифати системот на плаќање за верификација, Твитер е преплавен со сметки кои имитираат други, како и тролови кои ги користат нивните нови хаштагови за да ги збунат корисниците.
Илон Маск додаде дека новиот систем ќе ги обесхрабри измамниците, така што ако го сменат името, синиот знак ќе исчезне – нема да можат да го вратат додека Твитер не потврди дека новото @name ги исполнува сите услови за користење.