Asus претстави уште една специјална верзија на својот паметен телефон ROG Phone 6, Diablo Immortal.
Тајванскиот бренд претходно го лансираше ROG Phone 6 Batman Edition, но сега се здружи со Blizzard за да го создаде ROG Phone 6 Diablo Immortal Edition.
Тоа е најдобрата верзија на паметниот телефон украсен со елементи од популарната игра за мобилни уреди. Украсите се однесуваат на изгледот на куќиштето, но и на софтверот, вклучувајќи ги и звуците за известување.
Уредот се напојува со процесорот Snapdragon 8+ Gen 1 на Qualcomm, поврзан со 16 GB LPDDR5 RAM и 512 GB UFS 3.1 меморија, а има контроли AirTrigger 6 и стерео звучници на предниот дел. Сепак, нема мал екран на задната страна.
Задниот дел на телефонот е во Hellfire полумат боја што дава ефект на пламен кога се гледа од различни агли. До демонот од играта е осветлено лого на Diablo Immortal.
Пакетот доаѓа и со полнач од 65 W и златен пин за вадење на SIM картичката. Смартфонот е спакуван во кутија Worldstone, која заедно со мапа и УВ ламба е сместена во поголема кутија Horadic Cube. AeroActive Cooler 6 не е дел од пакетот и мора да се купи посебно по цена од 100 долари.
ROG Phone 6 Diablo Immortal Edition е достапен преку онлајн продавницата на Asus за 1.299 долари, што е 200 долари повеќе од стандардната верзија.