Долго време се шпекулира за Google и се нарекува со различни имиња, вклучувајќи го и Pixel Fold, а сега се појавија и детални рендери кои откриваат како ќе изгледа.
Смартфонот наводно се уште е во развој и се смета за „најтаинствениот проект на Google досега“. Изворите тврдат дека ќе биде лансиран во мај 2023 година заедно со таблетот Pixel, што треба да се случи за време на годишната конференција за програмери на Google I/O, која секогаш се одржува во петтиот месец. Уредот ќе биде достапен во две бои и тоа Chalk (бела) и Obsidian (црна), како што ги нарекува Google.
Рендерите објавени од Frontpagetech го прикажуваат уредот во двете бои, а се создадени врз основа на 3D рендери и „други детали“, но спецификации сè уште нема.
Неименуваните извори тврдат и дека Pixel Fold ќе има „вообичаени перформанси на Pixel“, како и одлична камера. Еден од изворите рече дека паметниот телефон ќе биде тежок, но не одговори на прашањето „во споредба со што“.
Исто така, беше откриено дека смартфонот ќе чини 1.799 долари, а по таа цена Galaxy Z Fold 4 на Samsung се продаваше и во САД кога започна продажбата во август оваа година.
„Лентата“ што го претставува модулот на камерата не е толку широка како кај моделите Pixel 7 и 7 Pro и не се протега од раб до раб, но сепак е доволно уредот да се идентификува како Pixel. Уредот ќе има две селфи камери од 9,5 мегапиксели, едната ќе се наоѓа во отворот на надворешниот екран, додека другата ќе се наоѓа на десната страна од чудно широката рамка на внатрешниот екран.
Сензорот за отпечатоци ќе биде интегриран во копчето „напојување“, а уредот ќе има два звучници, еден на горниот и еден на дното.
Поврзани артикли