Дојавувачите OnLeaks и Zoutons се здружија за да создадат рендери на претстојниот премиум телефон на Xiaomi.
Рендерите го прикажуваат Xiaomi 13 Pro од сите страни, а видлив е и системот на камерата, составен од главен сензор од 50 MP, како и ултра широки и телефото сензори кои исто така имаат резолуција од 50 MP.
Good morning #FutureSquad! Let's start the week with your first and comprehensive look at the #Xiaomi13Pro! (360° video + crispy 5K renders + dimensions)
On behalf of @Zoutons 👉🏻 https://t.co/rpTFzH7etj pic.twitter.com/qfFbWxD055
— Steve H.McFly (@OnLeaks) November 7, 2022
Xiaomi 13 Pro треба да има димензии од 163,0 x 74,6 x 8,8 mm (11,8 mm ако го броиме ударот на камерата). Овие се слични димензии на моделот 12 Pro, со тоа што новиот телефон е малку подебел.
Според достапните информации, новиот Pro модел ќе има помал дисплеј во однос на претходникот (6,65 инчи наспроти 6,73″). Дисплејот ќе има закривени рабови како и досега, а има и центриран отвор за селфи камерата. Сензорот за отпечаток е под екранот.
Xiaomi 13 Pro new renders are here. Confirming a previously leaked photo.
I don’t know… It seems to be nothing bad, clean, but it also seems a bit boring. What do you think?
via https://t.co/uA2bTDbeTW pic.twitter.com/WJmonTCJoL
— Ben Geskin (@BenGeskin) November 7, 2022
Тековните гласини споменуваат дека Xiaomi 13 Pro ќе биде лансиран на 30 декември и се очекува да биде меѓу првите модели што ќе се напојуваат со новиот чипсет Snapdragon 8 Gen 2.