Netflix и развивачот Tender Claws ја најавуваат играта Stranger Things VR.
Играта Stranger Things VR е најавена за зимата 2023 година и ќе биде достапна за најголемите VR платформи.
Во играта гејмерите ќе можат да играат како главен негативец од четвртата сезона на ТВ серијата – Vecna, а целта е да им се одмаздат на Елевен и жителите на градот Хокинс.
Stranger Things VR во најавата е опишана како психолошка хорор акција, а ќе ја развива студиото Tender Claws и неговото објавување се очекува на крајот на следната година.
Tender Claws претходно ги разви VR игрите Virtual Virtual Reality 1 и 2, како и мобилното AR виртуелно милениче Tendar и авантурата The Under Presents and Tempest.
Кога станува збор за Netflix, компанијата продолжува да инвестира во гејминг, а веќе објави неколку игри базирани на популарните серии, како што се Stranger Things: The VR Experience и Stranger Things 3: The Game.
Поврзани артикли