Целосното затемнување на Месечината ќе биде видливо во вторник на 8 ноември во Северна Америка, низ Азија, Австралија и остатокот од Пацификот.
Затемнувањето ќе трае речиси час и половина додека Земјата ќе помине меѓу Месечината и Сонцето.
Во Северна Америка овој феномен ќе биде видлив пред зори, а во областа на Азија, Австралија и Пацификот во раните вечерни часови.
Затемнувањето ќе трае речиси час и половина додека Земјата ќе минува меѓу Месечината и Сонцето.
Позната и како „крвава“ Месечина, таа ќе свети со црвено-портокалова боја поради светлото изгрејсонце или зајдисонце.
На врвот на затемнувањето, Месечината ќе биде оддалечена 390.653 километри, соопштија научниците на НАСА. Под услов небото да биде ведро, затемнувањето ќе биде видливо со телескоп.
Во исто време, планетата Уран ќе биде видлива „на само еден прст“ над Месечината и ќе наликува на светла ѕвезда, пишува „Дејли мејл“.
Јужна Америка ќе види дел од затемнувањето, додека Африка, Блискиот Исток и поголемиот дел од Европа ќе мора да почекаат до 2025 година.
Ова е второ целосно затемнување на Месечината оваа година, првото беше во мај, а следното се очекува во 2025 година. Во меѓувреме, ќе има многу делумни затемнувања на Месечината.
Поврзани артикли