Петстотини дронови го осветлија небото над Њујорк и со синхронизиран лет ги прославија десетте години од популарната игра Candy Crush Saga.
Користењето дронови за рекламирање е понов и се попопуларен концепт. Ваквото шоу бара недели, а понекогаш и месеци подготовка, како и многу документи.
„Тие се прилично строги во Њујорк, постои закон против летање во границите на градот“, рече Престон Вард, главен пилот за Sky Element од Тексас.
Поради овие ограничувања, беспилотните летала полетаа од Њу Џерси и останаа над копното поради фактот што воздушниот простор над реката Хадсон е затворен.
„Ја контактиравме Федералната агенција за воздухопловство, сите кули за контрола на летање, како и фериботите за да ги известиме сите што се случува“, рече Џеф Каплан, генерален директор на Pixie Drones, компанијата која го продуцираше шоуто за Candy Crush Saga.
Овој тип на шоу станува сè попопуларен, не само за рекламирање, туку и за спектакли по повод празници.