Од 2024 година, сите уреди, како што се мобилни телефони, таблети, е-читачи, дигитални камери, конзоли за видео игри, слушалки, ќе мора да имаат влез од типот USB-C.
Советот на Европската унија во понеделникот даде конечно одобрение за задолжително воведување на единствен полнач за телефони и други електронски уреди од 2024 година.
🔌 #COMPET | ✅ One charger to rule them all!
In 2024, a USB-C port will become mandatory for all range of devices: 🤳📸🕹️🎧🖱️⌨️. You will also be able to buy a device without a charger which will save money and reduce electronic waste.#EU2022CZ
More ⬇️https://t.co/JajclGo2TD
— EU2022_CZ (@EU2022_CZ) October 24, 2022
Веќе нема да биде потребно да купувате полнач секогаш кога купувате нов мобилен телефон или сличен уред. Полначот што е компатибилен со повеќе уреди ќе заштеди пари и време и ќе помогне да се намали електронскиот отпад, изјави Јозеф Сикела, чешкиот министер за индустрија и трговија, чија земја моментално претседава со Советот на Европската унија.
Директивата за еден полнач го воведува USB-C како стандарден влез за полнење електронски уреди во Европската унија. Од 2024 година сите уреди како мобилни телефони, таблети, е-читачи, дигитални фотоапарати, конзоли за видео игри, слушалки ќе мора да имаат USB-C влез, што значи дека сите ќе можат да се полнат со ист полнач.
Со цел потрошувачите да знаат што точно купуваат, директивата воведува пиктограм што покажува дали се нуди полнач со новиот уред, како и етикета што ја покажува ефикасноста на полнењето.
Директивата деновиве треба да биде објавена во Службениот весник на Европската Унија, а ќе стапи на сила 20 дена по тоа објавување. Новите правила ќе почнат да се применуваат 24 месеци по нивното стапување во сила.
Дополнително, 40 месеци по стапувањето во сила на директивата, овие нови правила ќе важат за сите преносни компјутери, кои исто така ќе можат да се полнат со уникатен полнач.
Директивата, исто така, им дава на потрошувачите избор да купат нов уред со или без полнач, со што се заштедуваат пари и во исто време се намалува количината на електронски отпад поврзан со производството, транспортот и отстранувањето на полначите.
Четири години по стапувањето во сила на директивата, Комисијата ќе процени дали таквата посебна продажба треба да стане задолжителна.
Иако безжичното полнење станува се попопуларно, сè уште не е усогласено меѓу сите уреди. Со цел оваа технологија да биде подостапна за што е можно повеќе уреди, Комисијата врз основа на технолошки развој ќе работи на стандардизација на безжичното полнење за електронски уреди и интероперабилност.