Делумното затемнување на Сонцето денеска беше видливо и од Македонија, а спектакуларните сцени се забележани и на фотографиите направени од местата каде можеше да се види овој феномен.
Затемнувањето, кое се случи околу пладне, беше видливо од Европа, североисточна Африка и централна Азија. За време на максималната фаза, 38,2 проценти од видливиот диск на Сонцето беше затемнет.
Експертите препорачуваат овие настани никогаш да не се набљудуваат директно, ниту со голо око, со двоглед или со телескоп.
Овој астрономски феномен се случува кога Месечината на нејзиниот пат ќе се најде помеѓу Земјата и Сонцето и делумно или целосно ја блокира сончевата светлина.
Поврзани артикли