По објавувањето на Android 13 во август, Google сега објави верзија на платформата што беше создадена специјално за телефони од ниска класа. Тоа е Android 13 (Go edition).
Интересно е што концептот Go edition е веќе стар пет години, а моментално има повеќе од 250 милиони месечни активни уреди, со послаби чипови, ограничен капацитет на RAM и простор за складирање податоци, кои користат некоја верзија на Android Go платформата.
Андроид 13 (Go edition) се фокусира на доверливост, употребливост и приспособување. Ажурирањата на системот на Google Play се достапни за уредите Go од оваа верзија.
Source: https://t.co/lO6h91L4Yp
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) October 19, 2022
Тука е и јазикот за дизајн Material You, кој досега беше составен дел на стандардните уреди со Android, но сега доаѓа и до достапните модели на Android. Со ова, корисниците добиваат комплетна шема на бои што можат да ја приспособат на позадината.
Некои функции од Android 13 доаѓаат и во верзијата Go. Ова вклучува одобренија за известувања и избор на соодветен јазик за апликациите. Google истакнува дека новите уреди со платформата Android 13 (Go edition) ќе пристигнат во 2023 година.