Управата за конкуренција и пазари на Обединетото Кралство (CMA) донесе конечна одлука со која и наложи на Meta да го продаде Giphy – услуга и база на податоци за GIF.
Во своето соопштение, CMA истакна дека преземањето на Giphy од страна на Мета може да доведе до намален пристап до GIF-датотеките од страна на конкурентите и ќе и даде на Мета уште поголема пазарна предност на полето на социјалните медиуми и пазарот на дигиталните реклами.
„Единствениот начин на кој овој проблем може да се реши е да се продаде Giphy. Ова ќе промовира иновации во дигиталното рекламирање и ќе обезбеди корисниците на социјалните медиуми во Велика Британија да продолжат да имаат корист од пристапот до содржината на Giphy“, рече Стјуарт Мекинтош, кој претседава со оваа истрага.
Мета истакна дека е разочаран од ваквата одлука, но дека ја прифаќа пресудата на CMA како „конечен збор“ во оваа постапка. Компанијата соопшти дека тесно ќе соработува со регулаторите за да се ослободи од Giphy.
Мета го купи Giphy пред две години, во време кога GIF-овите беа растечка форма на визуелна комуникација. Со текот на времето, дигиталната култура значително се промени.