Honor 80 Pro+ може да биде најскапиот и најдобриот член на новата серија телефони.
Од својата независност, компанијата Honor веќе се позиционираше како важен играч на пазарот на паметни телефони. Ова особено се однесува на кинескиот пазар, каде Honor од ден на ден добива се поголема популарност. Неодамна компанијата го претстави Honor X40 GT, а сега пристигнуваат информации за претстојниот телефон Honor 80 Pro+.
Honor 80 Pro+ will have 200MP camera, SD8Gen1m and 100W charging pic.twitter.com/w9kd7qZQun
— Tech News (@TechNews_____) October 13, 2022
Познатиот дојавувач Digital Chat Station откри некои детали за претстојниот член на серијата Honor 80. Така тој наведува дека Honor 80 Pro+ ќе биде најскапиот и најдобриот член на оваа серија, а покрај него ќе се најдат и обичните Honor 80 и Honor 80 Pro.
Honor 80 Pro+ наводно ќе пристигне со 1,5K AMOLED „флексибилен“ дисплеј, што веројатно значи дека се работи за заоблен дисплеј. Овој модел наводно ќе биде придвижуван од чип Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1, кој ќе пристигне во комбинација со до 12 GB RAM.
Она што е во фокусот на извештајот на Digital Chat Station е камерата на телефонот. Имено, во извештајот се наведува дека Honor 80 Pro+ ќе пристигне со главна камера од 200MP. Honor веројатно ќе им се придружи на другите производители кои претходно ги претставија своите телефони со сензор за камера од 200 MP.
На крајот на извештајот, се сугерира дека телефонот би можел да има поддршка за брзо полнење од 100 W. Кога ќе ги погледнеме овие можни спецификации, се чини дека Honor 80 Pro+ би можел да биде многу добар телефон.
Се очекува серијата Honor 80 да биде лансирана до крајот на оваа година, па очекувајте да дознаете повеќе детали за неа во наредните денови и недели.