Кина ги претстави амбициозните планови за мисија фокусирана на Јупитер и Уран.
Мисијата ќе биде лансирана околу 2030 година и ќе се вика Tianwen 4. Целта на оваа експедиција ќе биде да се испратат две вселенски летала, поголемата сонда е наменета за Јупитер, а помалата за прелет покрај далечниот Уран.
Сондите ќе бидат лансирани со ракета Long March 5, и ќе користат прелетување над Венера и двапати над Земјата за да го доведат леталото на траекторија кон надворешниот Сончев систем пред да се одвојат и да постават курс за нивните „цели“.
Главното вселенско летало ќе го истражува системот на Јупитер и ќе орбитира околу месечината Калиста, а можеби и околу Галилејските месечини.
Помалото летало ќе го направи долгото патување до Уран. Кинеските научници сè уште размислуваат за научни цели.
Кинеската вселенска агенција претходно ја разгледа можноста за лендер како дел од мисијата фокусирана на Калиста, но најновиот план вклучува орбитер, а не лендер.
Кина ја лансираше својата прва независна меѓупланетарна мисија во 2020 година со орбитерот Tianwen 1 и роверот Zhurong кои го истражуваат Марс. Мисијата Tianwen 2 ќе биде лансирана околу 2025 година, а нејзината цел ќе биде собирање примероци од малиот астероид блиску до Земјата наречен Kemo’oalewa.
Тианвен 3 ќе биде прикачен за собирање и транспорт на примероци од Марс, а таа мисија би требало да биде лансирана најрано во 2028 година.
Исто така, има планови за изградба на Меѓународна станица за истражување на Месечината во 2030-тите, со цел да се промовира употребата на човечки ресурси за да се создаде нов модел на меѓународна соработка во истражувањето на вселената за да се придонесе за мирно користење на вселената.
Кина покажа дека е на пат да стане вселенска сила.