Во Кина се користат трамваи кои не се движат по шини и кои немаат електрични водови, туку се движат по асфалтна површина на која е исцртана патеката на движење.
Поконкретно се работи за тип на возило кое е комбинација од трамвај и автобус. Тие изгледаат како трамваи, но се движат на гумени тркала. Сепак, нивното движење е многу полесно од движењето на автобусите благодарение на технологијата за нивно стабилизирање.
Трамваите се наречени Автономен брз превоз (АРТ) и се користат во три кинески града. Станува збор за самоуправувачки, автономни возила кои ја користат технологијата што се користи за автономни автомобили. Наместо електрични водови, тие имаат батерии кои се полнат при застанување на секоја станица.
Овие возила се 10 пати поевтини од конвенционалните трамваи. Можно е да започнете да ги користите неколку недели по купувањето. Покрај тоа, нема големи трошоци за одржување на трамвајската линија.
Сè повеќе држави планираат да ги набават овие трамваи, кои се особено важни за ревитализација на предградијата. Меѓу овие земји се Малезија, Израел и Австралија. Се очекува тие подобро да ги поврзат централните со попериферните делови на градовите и да бидат уште поеколошки и поефикасна замена за автомобилите, објаснуваат од Светскиот економски форум (WEF).