Мерцедес, кој отсекогаш бил еден од брендовите поврзани со Роџер Федерер, одлучил да го почести швајцарскиот маестро со посебен модел кој ја симболизира неговата величествена кариера.
Моделот во бојата на жолтото тениско топче, AMG GT со четири врати е создадено посебно во чест на пензионирањето на Федерер. AMG GT ќе го има и RF логото на Федерер, а овој хибрид има 4.0-литарски твин-турбо V-8 со електричен мотор на задната оска со фантастичен број на коњски сили (831).
Plug-in хибридниот модел ќе пристигне следната година во САД, а овој модел од 0-100 km/h забрзува за четири секунди, со електронски ограничена максимална брзина од 304 km/h.
Потрошувачката и емисијата на штетни гасови се 9,3 l/100 km што е 216 g/km CO2 за верзијата GT и 9,4 l/100 km што е 219 g/km CO2 за верзијата GT-S.
Да потсетиме, Роџер Федерер во својот последен меч во кариерата не успеа да оствари победа во двојки со Рафаел Надал. Американците Џек Сок и Френсис Тиафо победија со 2:1 во сетови (4:6, 7:6 (2), 11:9) на Лејвер купот, а по мечот Швајцарецотне можеше да ги сокрие емоциите откако се прости од тенисот.
Поврзани артикли