Голем број корисници ширум светот пријавиле дека имаат проблеми со користење на апликацијата Instagram на нивните телефони.
Многу корисници известуваат дека апликацијата се исклучува сама по себе, пораките не работат и апликацијата им дава грешка.
На веб-страницата Downdetector е наведено дека нешто по 18 часот по наше време луѓето почнале да се жалат на пречки.
Причината за проблемот се уште не е позната, а за тоа се уште никој од компанијата Мета не проговорил.