По долга тизер кампања, Asus конечно претстави два нови мобилни телефони, ROG Phone 6D и 6D Ultimate.
Станува збор за уреди кои се напојуваат со процесорот MediaTek Dimensity 9000+, а разликата помеѓу стандардната 6D и Ultimate верзијата е во меморијата. Стандардната верзија во својата најдобра форма има 16 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, додека Ultimate оди до 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.
Телефоните го имаат истиот OLED панел од 6,78 инчи со 10-битна длабочина на боја и стапка на освежување од 165 Hz, а поддржуваат и HDR10+. Истото важи и за „оригиналната“ серија ROG Phone 6.
Камерите останаа исти, има 50 главна камера одзади, 13 MP ултра-широка и макро камера од 5 MP, додека предната има селфи камера од 12 MP.
Батеријата исто така е непроменета, па се уште има батерија од 6.000 mAh која поддржува брзо полнење од 65 W преку технологијата USB Power Delivery.
Дизајнот е исто така главно ист, 6D Ultimate има ROG Vision PMOLED екран во боја на задната страна, додека стандардната верзија има RGB LED позадинско осветлување ROG лого. Дури и додатоците дизајнирани за ROG Phone 6 и 6 Pro се компатибилни со новите модели 6D и 6D Ultimate.
ROG Phone 6D Ultimate има уникатен AeroActive портал на задната страна, кој овозможува директен пристап до внатрешните компоненти за ладење благодарение на моторизираната шарка. Овој систем автоматски ја отвора патеката за воздух кога е поврзан AeroActive Cooler 6, овозможувајќи му на вентилаторот поефикасно да ја исфрла топлината што резултира со одржување со високи перформанси.
Asus ги нуди ROG Phone 6D и 6D Ultimate само во Space сива боја.
Се уште нема детали за продажбата и цената.