Минатата недела, дојавувачот Ice Universe ги откри точните димензии на серијата телефони Galaxy S23, кои ќе бидат за дел од милиметар подолги и пошироки од серијата S22. Сега знаеме каде отиде тоа зголемување.
Според дојавувачот, дополнителното зголемување од 0,3 милиметри кај моделите Galaxy S23 ќе се одрази и на зголемувањето на рамката околу екранот. Тоа зголемување ќе изнесува околу 0,15 милиметри од сите страни околу дисплејот (кој ја задржува големината од 6,1 инчи).
Small difference between S22 and S23, Samsung widened all four bezels for the S23 by 0.15mm, it looks bulkier than the S22, I can't understand why Samsung does this, I have to again suspect that there is a spy inside Samsung. pic.twitter.com/KwdelDbHrF
— Ice universe (@UniverseIce) September 15, 2022
Galaxy S23+ е за 0,4 милиметри подолг и поширок од неговиот претходник, што ќе се одрази со зголемување на рамката за 0,2 милиметри (екранот на овој модел исто така ќе ја задржи големината од 6,6 инчи).
Galaxy S23 Ultra е исто така малку поголем од неговиот претходник (+0,1mm во должина и +0,2mm во ширина), па се очекува да ја доживее истата судбина како и гореспоменатите модели.
Претходните извештаи сугерираа дека дизајнот, дисплејот, камерите и сензорот за отпечатоци на телефоните Galaxy S23 и Galaxy S23+ ќе останат исти како нивните претходници. Горенаведените телефони, како Samsung Galaxy S23 Ultra, ќе се напојуваат со чип Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2.