Се повеќе се шушкаше дека Bugatti ќе лансира SUV модел, но засега нема ништо од тоа…
Директорот на компанијата Bugatti Rimac, Мате Римац, потврди неколку многу интересни информации во интервју за германскиот магазин Automobilwoche.
Претпоставките се повеќе или помалку погрешни, самиот Bugatti нема намера да се префрли на електрична понуда, ниту пак планира толку брзо да пушти SUV. Ако тоа се случи, нема да биде во следните 10 години…
По неодамна претставениот Bugatti W16 Mistral, прашањето беше што е следно?
Некои велеа дека Bugatti ќе усвои многу од Rimac Nevera и веднаш ќе зачекори во електричната ера, но самиот Мате Римац жестоко се побуни против таквата идеја.
Според Мате, идејата е следното Bugatti да добие хибриден погон, кој ќе му овозможи бесшумно да вози низ градот до 50 километри. Но, ќе почекаме барем до 2024 година.
Поврзани артикли