Втората генерација на контролорот Kishi на Razer дизајниран за мобилни игри сега е достапна за iPhone на Apple.
Верзијата на контролерот за Android уредите беше претставен пред неколку месеци, а сега во него ќе можат да уживаат и сопствениците на iPhone. Цената не е променета и е 100 долари.
Најголемата промена во однос на првиот Kishi е механизмот кој ги држи двете страни заедно и го „фиксира“ мобилниот телефон. Razer го отфрли флексибилниот мост во корист на поцврста лизгачка верзија, нешто слично на она што го користи конкурентот Backbone. Затоа, Kishi V2 е компатибилен со сите „модерни“ модели на iPhone, односно од iPhone 6 до најновите, вклучувајќи ги и двете генерации на iPhone SE. Исто така, доколку се отстранат гумените влошки, мобилниот телефон може да се поврзе со контролорот без да се отстрани заштитната маска.
Razer, исто така, ги замени прекинувачите, заменувајќи ги мембраните на V1 со микропрекинувачи земени од контролерот на конзолата Wolverine V2.
„Ова носи придобивки за активирањето, удобноста и тактилните повратни информации“, тврди Razer.
Исто така, сега има копче Share на предната страна и две дополнителни програмабилни копчиња до чкрапалото. Корисниците можат да ги приспособат тие копчиња преку апликацијата Razer Nexus, која исто така е потребна за споделување игра на YouTube и Facebook откако ќе го притиснете копчето Share. Покрај тоа, со помош на апликацијата, можно е да се најдат поддржани игри, кои може да се стартуваат преку копчето на таблата за игри.
Kishi V2 е компатибилен со cloud gaming уредите (вклучувајќи ги Xbox Cloud Gaming и Google Stadia), апликации за далечинско играње на конзолата и игри за компјутер и iPhone што поддржуваат контролери MFi.
Lightning port се користи за полнење, но нема 3,5 мм приклучок за слушалки.