Во јули, Јужна Кореја изврши 33-минутен лет на својот домашен борбен авион KF-21, испраќајќи порака најпрво до Северна Кореја, а сега развива беспилотни летала кои би можеле да го неутрализираат севернокорејскиот противвоздушен одбранбен систем доколку е потребно.
Партнер на овој проект не е Korea Aerospace Industries која го произведе веќе познатиот KF-21, туку Korean Air. Одлуката ја донесе Корејската агенција за развој на одбраната (ADD).
ADD започна со развој на дронови минатиот ноември и го заврши основниот дизајн. Агенцијата планира дополнително да го развие дизајнот со Korean Air.
Сега оваа компанија ќе биде одговорна за развој на систем кој ќе поддржува три до четири „невидливи“ беспилотни летала за време на учество во мисии како напад од воздух-земја, надзор и борба.
„Ескадрилата на беспилотни летала не само што ќе поддржува и следи авиони со екипаж, туку ќе може да извршува и свои мисии, вклучително и надзор, тактичко електронско пречење и прецизни напади“, соопшти „Korean Air“.
Јужна Кореја развива беспилотни летала повеќе од десет години, па затоа не е нова на ова поле. Но, беспилотните летала не се единствената одбрана против Северна Кореја. Во јули 2021 година, Јужна Кореја го објави својот сопствен систем Iron Dome „Железна купола“ откако беше убедена во успехот на одбранбениот систем во конфликтот меѓу Израел и Хамас. Оваа земја посочи дека е подготвена да потроши 2,6 милијарди долари за оваа технологија за да го заштити главниот град Сеул и другите клучни делови на земјата, кои се оддалечени неколку километри од границата со Северна Кореја.
Во последниве години, се појавија извештаи дека Северна Кореја распоредила арсенал од 13.000 пушки и минофрлачи долж границата со Јужна Кореја. Во меѓувреме, се верува дека Јужна Кореја поседува системи за одбрана Patriot и Terminal High Altitude Area Defence (THAAD), додека корејските тактички ракети земја-земја се распоредени уште во 2020 година.
Поврзани артикли