Иднината носи cross-play, т.е. можност за играње со гејмерите на различни конзоли и други игри кои повеќе нема да бидат ексклузивни за специјални платформи.
Пазарот на видео игри во иднина би можел да биде сосема поинаков од ситуацијата што владее на тој пазар денес. Војните на конзолите би можеле да станат минато, како и скапите гејмерски компјутери кои повеќе нема да бидат потребни за да се придвижат најмоќните игри за компјутери.
Таквиот хардвер треба да биде заменет со поевтини уреди, кои ќе бидат поврзани со стриминг услуги, но користењето на таквите сервиси и играњето игри ќе бара плаќање месечна претплата. Слично на начинот на кој можеме да гледаме Netflix денес на многу уреди, доколку плаќаме претплата за таа услуга.
Зборувајќи за иднината на овој пазар, Фил Спенсер, шеф за видео игри во Microsoft задолжен за Xbox, спомна две работи кои исто така треба да се променат. Според него, иднината носи cross-play, односно можност за играње со гејмери на различни конзоли, т.е. платформи, а други се игри кои повеќе нема да бидат ексклузивни за одредени платформи.
„Можеби во вашето домаќинство купувате Xbox, а јас купувам PlayStation и нашите деца сакаат да играат заедно, но тие не можат затоа што купивме друго парче пластика и го поврзавме на телевизорот“, го опиша Спенсер сликовито проблемот cross-play.
Тој смета дека технолошките компании треба да им дозволат на гејмерите да најдат пријатели и да играат игри со нив, без оглед на уредите што ги користат. „На долг рок, мислам дека тоа е добро за индустријата“, рече тој.
Сепак, тој смета дека во моментов има „некои луѓе во некои компании“ кои не размислуваат исто. На Business Insider го споменуваат примерот на Sony, кој долго време не сакаше да овозможи cross-play на Fortnite, односно корисниците на PlayStation да можат да си играат со гејмерите кои играат на други платформи.
Пред четири години, Спенсер ја критикуваше практиката на Sony, за која рече дека никому не му помага – дури ни на програмерите кои сакаат нивните игри да се играат, а уште помалку на гејмерите кои само сакаат да играат со своите пријатели.
Поврзани артикли