Viber сега е достапен и како десктоп апликација во Microsoft Store и како мобилна апликација во Samsung Galaxy Store, што ќе го олесни брзото преземање за многу корисници ширум светот.
Rakuten Viber, глобален лидер во приватна и безбедна текстуална и гласовна комуникација, објави дека апликацијата Viber сега е достапна за преземање во водечките онлајн продавници во светот – Microsoft Store и Samsung Galaxy Store. Оваа иновација и овозможува на пошироката глобална заедница да ја преземе апликацијата Viber за нивните десктоп компјутери со Windows и мобилни уреди Samsung.
Приближно 90% од десктоп корисниците на Viber доаѓаат од Windows уреди, а 38,1% од месечните активни корисници на Android поседуваат Samsung уреди – така што оваа поголема пристапност на апликацијата е важна вест за двете споменати големи групи корисници. Новото ажурирање ќе им овозможи на новите корисници без напор да ја преземаат апликацијата Viber од двете главни платформи.
Microsoft отсекогаш бил еден од најсигурните партнери кои ја нудат најновата премиум технологија за своите уреди, каде што повеќе од 669.000 апликации се достапни за преземање во продавницата за апликации на Microsoft. Десктоп верзијата на Viber, која е достапна во Windows Store, им овозможува на корисниците да се јавуваат и да испраќаат пораки преку Viber директно од нивниот компјутер или лаптоп, што е многу популарна опција меѓу нив. Верзијата за десктоп може да се користи за сè – од комуникација со саканите до управување со работа, за групни повици, интеракција преку Viber канали и поставување потсетници. Исто така, посебна предност на споменатата верзија е што го намалува напрегањето на очите овозможувајќи им на корисниците да ги синхронизираат активностите на мобилната верзија на Viber со поголемиот екран на десктоп апликацијата.
Samsung Galaxy Store е достапна во 125 земји. Благодарение на милијарди активни корисници ширум светот во двете продавници, Viber ќе биде достапен за огромни и постојано растечки кориснички бази на двете платформи.
Претходно, Rakuten Viber достигна извонредна годишнина со надминување на една милијарда преземања на Google Play Store за уреди со Android. Апликацијата е достапна и во онлајн продавниците на Apple, Huawei и Xiaomi.
„Ќе им олесниме на милиони корисници на уредите Microsoft и Samsung да пристапат до најновите ажурирања на Viber, бидејќи нашите десктоп и мобилни апликации постојано се развиваат за да ги направат пораките и повиците секогаш безбедни, приватни и забавни“, рече Рол Земер, потпретседател на Core платформа за Rakuten Viber и додаде: „Воодушевени сме што Viber станува се повеќе достапен во сè повеќе продавници за апликации и особено со нетрпение очекуваме да воведеме нови функционалности“.