Microsoft потврди нов проблем со Windows Update, овојпат предизвикан од неодамнешното ажурирање што компанијата го достави до неколку верзии на Windows.
Компанијата забележува дека проблемот се јавува при обидот да се инсталира ажурирањето KB5012170 и наведува дека корисниците може да ја добијат грешката 0x800f0922.
Според компанијата, следните верзии на Windows се засегнати од овој проблем:
Windows 11, верзија 21H2
Windows 10, верзија 21H2
Windows 10, верзија 21H1
Windows 10, верзија 20H2
Windows 10 Enterprise LTSC 2019
Windows 10 Enterprise LTSC 2016
Windows 10 Enterprise 2015 LTSB
Windows 8.1
Иако сè уште нема целосна официјална поправка во овој момент, откриено е решение за засегнатите уреди. Сепак, тоа не е достапно за сите корисници.
„Овој проблем може да се заобиколи на некои уреди со ажурирање на биосот на UEFI до најновата верзија, а пред да се обиде да го инсталира ажурирањето KB5012170. Следни чекори: Во моментов го истражуваме проблемот и ќе обезбедиме ажурирање со следното издание на софтверот“.
Неколку верзии на Windows Server се исто така погодени од проблемот, вклучувајќи ги Windows Server 2022, Windows Server верзија 20H2, Windows Server 2019 и Windows Server 2012.