Извонредниот симулатор за возење е дизајниран да се вклопи во најлуксузните домови. Украсен е со бројни напредни функции, но и луксузна цена.
Симулаторот е создаден од британската компанија Prodrive, додека заоблената рамка доаѓа од компанијата Callum Designs. Двете компании ја опишуваат оваа машина како „најубавиот симулатор за возење во светот“.
Симулаторот ги комбинира традиционалните и модерните материјали, како што се скулптурниот карбонски кокпит, возачкото седиште Cobra Nogaro, додека заоблениот екран од 49 инчи, воланот Precision SIM LM Pro и кутијата со педали се создадени од 16 слоеви бреза.
Симулаторот Prodrive доаѓа со висока цена од 39.000 британски фунти (речиси 47.000 долари).
Споменатиот 49-инчен дисплеј е произведен од AOC, има двојна QHD резолуција и поддршка за освежување до 165Hz. Опремен е и со графичка картичка GeForce RTX од 12 GB и се напојува со софтвер за трки Assetto Corso.
Комплетната структура на симулаторот за возење Prodrive е дизајнирана да обезбеди извонредно искуство како корисникот да е во кокпит на тркачки автомобил.