Google неодамна започна со испорачување на редизајнот на својата услуга за е-пошта за корисниците. Сепак, голем број корисници нема да бидат задоволни со него и ќе сакаат да го вратат или задржат актуелниот дизајн.
Google го менува дизајнот на Gmail со цел да ја прилагоди услугата на промените во дизајнот кои веќе се направени на другите услуги на компанијата. Меѓутоа, ако не ви се допаѓа новиот изглед, можете да го задржите стариот изглед некое време.
Не е познато колку долго ќе биде достапна оваа опција, но засега можете да се вратите на претходниот дизајн со само неколку кликања.
Ако одлучите дека сакате новиот изглед да го замените со стариот, отворете го инбоксот на Gmail, кликнете на Settings во горниот десен агол на страницата и изберете „Go back to the original view“.
Ќе добиете прозорец кој прашува зошто сакате да се вратите на изгледот на претходната верзија, но можете да го оставите тоа поле празно.
Новиот дизајн на Gmail, покрај променетиот изглед, ги додава и Google Chat, Spaces и Meet во главното мени на Gmail од левата страна. Во рамките на новиот дизајн, корисниците се уште имаат можност да менуваат некои функции и изгледот на нивното сандаче.
Постои можност да изберете колку компактни ќе бидат е-маиловите, кои пораки ќе се појавуваат на врвот на страницата, промена на позадината на Gmail и многу повеќе.
Поврзани артикли