Лондонскиот музеј Хорниман ќе и врати на Нигерија 72 артефакти украдени од Кралството Бенин во 19 век. Сопственоста на артефактите ќе биде доверена на нигериската влада.
Вкупно 72 артефакти ќе бидат вратени во Нигерија, вклучително и 12 месингани чинии познати како Бенински бронзи, месинг петел и клуч од кралската палата. Враќањето уследи по барање на нигериската национална комисија за музеи и споменици –
Музејот, кој се наоѓа во југоисточен Лондон, рече дека одлуката е донесена по консултации со заедницата, посетителите, учениците, научниците, експертите за наследство и уметниците од Нигерија и Велика Британија. Тие рекоа дека враќањето на предметите е морален потег.
„Постојат јасни докази дека овие предмети се добиени насилно, а надворешните консултации го поддржаа нашиот став дека е морално и соодветно да се врати сопственоста на предметите на Нигерија“, рече Ева Салмон, директорка на музејот.
Поврзани артикли