Xiaomi го претстави телефонот MIX Fold 2 со флексибилен екран, само еден ден откако Samsung ги објави Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4.
What does #XiaomiMIXFold2 look like when it’s open and folded?#LeiJunAnnualSpeech #XiaomiLaunch pic.twitter.com/1U8049cvUu
— Xiaomi (@Xiaomi) August 11, 2022
Предност ќе има кинеската компанија со оглед на тоа што MIX Fold 2 ќе започне да се испорачува десет дена пред моделот Fold4 (16 август. Сепак, ќе биде достапен само за корисниците во Кина, а засега нема информации кога ќе стане достапни ширум светот.
We know that you care about the viewing experience of foldable smartphones.
With a large 6.56” outer display and 2K+ 8.02” inner display, #XiaomiMIXFold2 offers limitless possibilities for you on the go.#LeiJunAnnualSpeech #XiaomiLaunch pic.twitter.com/jjU6oOrF73
— Xiaomi (@Xiaomi) August 11, 2022
Ќе има три варијанти на телефонот Xiaomi MIX Fold 2: 12GB + 256GB (меморија и складирање), 12GB + 512GB и 12GB + 1TB варијанта. Дополнително ќе бидат достапни две бои – црна и златна.
Што се однесува до главните карактеристики, Xiaomi MIX Fold 2 го покренува чипсетот Snapdragon 8+ Gen 1, со гореспоменатите капацитети на LPDDR5 меморија и простор за складирање UFS 3.1.
Кога станува збор за дисплејот, внатрешниот Eco² OLED главен екран е со димензии 8,02 инчи (120Hz LTPO 2.0, 2160 x 1914p), додека надворешниот AMOLED екран има димензии од 6,56 инчи (120Hz, 2520 x 1080p). Декориран е со Corning Gorilla Glass Victus заштита.
Што се однесува до камерите, телефонот има главна камера од 50 мегапиксели, ултра широка камера од 13 мегапиксели, телефото од 8 мегапиксели и предна камера од 20 мегапиксели. Системот за камера е развиен во соработка со Leica.
Xiaomi ја имплементираше Micro Waterdrop Hinge на телефонот, односно шарка која е прилагодена, користи издржлива легура MIM и други елементи за дополнителна издржливост.
Телефонот е тенок само 5,4 милиметри кога е расклопен. Други карактеристики вклучуваат мултифункционален NFC, IR Blaster, симетрични звучници со звук Harman Kardon и поддршка за Dolby Atmos.
Сè се напојува со батерија од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W, додека оперативниот систем MIUI Fold 13 е базиран на Android 12.
Што се однесува до цените, конвертираниот од кинески јуани Xiaomi MIX Fold 2 чини околу 1340 долари за основната варијанта (12GB + 256GB).