Конечно пристигна нов предводник од Motorola, Moto Razr 2022.
Станува збор за нов смартфон на преклопување кој го задржал препознатливиот дизајн со шарка и доаѓа со подобрен екран, две камери и врвен процесор.
Уредот доби 6,7-инчен екран како неговиот претходник, но сличностите завршуваат тука бидејќи се работи за нов OLED панел со подобра шарка, што резултираше со целосно затворање при превиткување. OLED екранот поддржува HDR10+, додека стапката на освежување е 144Hz. Исто така, Motorola се ослободи од „чудниот“ заб и ја постави предната камера од 32 MP во мал исечок.
Оваа камера навистина не може да се нарече селфи камера бидејќи селфи фотографиите веројатно ќе се прават со задната двојна камера во комбинација со надворешниот OLED екран од 2,7 инчи кој остана непроменет.
Корисниците ќе имаат на располагање главна камера од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата, која е идентична со онаа на моделите Edge 30 Pro и S30 Pro, заедно со ултра широка камера од 13 MP.
Она што е важно да се истакне е фактот дека уредот се напојува со flagship процесорот Snapdragon 8+ Gen 1.
Смартфонот поддржува RAW снимање, користи интерфејс MyUI 4.0, звучници со поддршка за Dolby Atmos и многу повеќе.
Moto Razr може да се нарача преку кинескиот сајт и тоа само во црна боја. Цената на верзијата со 8/128 GB е 890 долари, 965 долари за верзијата со 8/256 GB и 1,085 долари за најскапата верзија од 12/512 GB.
Во моментов нема информации за достапноста на глобалниот пазар.